Сирија се закани дека ќе се одмазди за израелскиот напад

од Milan1
338 прегледи

Во соопштението од таканаречениот Оперативен штаб на сојузниците на Асад, кој е поддржан од Иран, се наведува дека одговорот израелскиот напад може да биде „многу суров”, додавајќи дека поголем број жртви во нападот се избегнати со добро прегрупирање во пустинската област.

„Резултатот од овој напад е смрт на маченици и повеќе повредени, наши браќа муџахедини. Решивме да одговориме на овој напад со одмазда за мачениците и крвта на повредените, а одговорот ќе биде многу суров“, се наведува во соопштението објавено во проиранските медиуми, за кое западните медиуми ја провериле автентичноста.

Висок воен извор, кој побара да остане анонимен, истакна дека израелските напади, меѓу другите цели, ја погодиле и воздушната база Т4, ги повлекле милициите поддржани од Иран и лансирале беспилотни летала во последните месеци во нападите врз американските бази во северниот дел на Сирија. Според воени аналитичари, областа Палмира каде што беа извршени нападите е близу до голема концентрација на руски бази, каде што нејзините трупи изведуваа маневри со сириските војници во изминатите денови.

Еден сириски војник загина, а тројца се повредени во синоќешниот израелски воздушен напад врз областа Палмира, објави сириското Министерство за одбрана.

 

Слични содржини