На граѓаните им е преку глава од политичари кои што само ветуваат а ништо не реализираат, посочувајќи му на сегашниот градоначалник Петре Шилегов дека завршен проект не значи проект кој што е се уште во тек, туку како што рече таа, за еден проект да се смета за реализиран тоа значи да се направи план, да се заврши документацијата, како и да се отпочне и заврши неговата реализација, вели кандидатот за градоначалник за Град Скопје Данела Арсовска во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.
Таа истакна дека Шилегов не ги завршил проектите од својата програма од 2017тата година, меѓу кои сообраќајните проекти на Јаја Паша, Мавровка, монтажните паркинзи Чаирчанка и Џон Кенеди, пробивањето на Илинденска, за Љубљанска мостот преку Вардар, кружниот тек на влезот на Скопје кај Сарај, како и булеварот Хрватска.
-Значи сообраќајните решенија не се само за да стојат на хартија и не ви држи тоа кое што се обидувате да го презентирате во јавноста дека не знам никој во градот не знае што значи реализиран проект, тоа значи дека треба да го отпочнете, треба да направите план, да ја завршите документацијата и треба да го отпочнете и завршите реализацијата, рече Арсовска.