Рускиот тим што го сними првиот филм во вселената се врати на Земјата

од Vladimir Zorba
357 прегледи

Руската актерка и режисерка, која помина 12 дена на Меѓународната вселенска станица (ИСС) за да го сними првиот филм во вселената, слета на Земјата во неделата наутро.

Вселенското летало „Сојуз МС-18“, со Јулија Пересилд, Клим Чипенко и космонаутот Олег Новицки, слета во казахстанската степа точно во закажаното време, 4,36 часот наутро. Руската вселенска агенција го пренесуваше слетувањето на Сојуз во живо.

Роскосмос објави на Твитер дека спуштањето е успешно и дека „тимот се чувствува добро“.

Космонаутот и филмското дуо на местото на слетување беа поздравени од директорот на руската вселенска агенција, Димитриј Рогозин.

Желбата на рускиот тим, кој полета од космодромот Бајконур во Казахстан на 5 октомври, беше да се „претрка“ конкурентскиот американски проект со Том Круз.

Нивниот филм со привремен наслов „Предизвик“ прикажува хирург кој патува на ИСС за да го спаси животот на астронаутот.

Во контекст на руско-американското ривалство, оваа филмска авантура потсетува на почетокот на вселенското истражување, 60 години откако тогашниот СССР го испрати во орбита првиот човек, Јуриј Гагарин.

Слични содржини