Клинтон излезе од болница

од Vladimir Zorba
747 прегледи

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон денеска беше пуштен од болница во Јужна Калифорнија, придружуван од неговата сопруга, поранешната државна секретарка Хилари Клинтон.

Седумдесет и петгодишниот Клинтон минатата недела беше примен на одделот за интензивна нега поради уролошка инфекција, пренесува Ројтерс.

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон дојде во Калифорнија на состанок на неговата фондација, но во вторникот беше примен на одделот за интензивна нега на медицинскиот центар Ирвин во Калифорнија поради замор.

Слични содржини