„Ние како партија ја остваривме целта, но општата тендеција е дека левичарското расположение е во нагорна линија. Хибридниот режим на Заев е пред крај. Останува вториот круг, мислам дека опозициските тенденции се евиденти и мислам дека можеме да имаме парламентарни избори после овие локални“, рече лидерот на Левица Димитар Апасиев.
Апасиев кажа дека принципелниот став е Левица да не коалицира предизборно доколку има предвремени парламентарни избори.
„Левица не коалицира, тоа е принципиелниот став. Но постизборно е можно. Сепак, има најави за ново парламентарно мнозинство, и таа опција е во игра. Но после ова нештата нема да бидат исти.“, изјави Апасиев кој најави дека партијата освои петмина советници во Град Скопје, а во целата држава од 50-60 лица на советничките листи.