Пренџов: Јасно и гласно ќе кажам, ГРОМ продолжува со ВМРО-ДПМНЕ

од Берта Китинска
350 прегледи

Пратеникот на ГРОМ, Љупчо Пренџов во своето гостување во „Студио 10“ на Телевизија 24, јасно нагласи дека неговата паартија ќе ја поддржи ВМРО-ДПМНЕ.

„Можам јасно и гласно да кажам дека ние продолжуваме со ВМРО-ДПМНЕ бидејќи целта за која што сме во коалиција веќе повеќе од 7 години е да Република Македонија биде просперитетна држава, да бидеме држава која што ќе има еспектиран правен систем и тие се основите со кои што со ВМРО-ДПМНЕ продолжуваме понатаму, вели пратеникот на ГРОМ.

Според него е јасно ако се гледа трендот во првиот круг јасно е дека ќе губи СДСМ и во следниот, втор круг.

„На пример и да победи Максим Димитриевски во Куманово тоа нема врска со СДСМ, тоа е нивни пораз. Неговата кампања и делување не личи на ништо што прави СДСМ“, вели Пренџов.

Слични содржини