Британската регулаторна агенција денеска објави дека го казнила Фејсбук, кој ќе мора да плати 50 милиони фунти (68 милиони долари) за прекршување на наредбата издадена за време на истрагата за дејствата, при кои американскиот гигант ја купи платформата „Гифи“ за ГИФ графички формат.
Агенцијата наведува дека Фејсбук свесно не ја послушал наредбата и дека казната служи како предупредување дека ниту една компанија не е над законот.
Фејсбук е изложен на зголемен притисок од регулаторите и законодавците во врска со својата деловна практика.
Компанијата објави дека остро се противи на одлуката на британската агенција, пренесе АП.
Агенцијата наведува дека Фејсбук не ги доставил сите податоци што потврдуваат дека ги исполнува условите за продолжување на тендерот за купување на „Гифи“, и дека не смеело да ги интегрира своите операции со оваа платформа за време на истрагата.
Во соопштението се додава дека компанијата не ги доставила бараните информации и покрај повеќекратните предупредувања и дека се смета дека таквите дејства се намерни.