273
Денеска министерот за здравство кажа дека тие кои се јавуваат на преглед и кои кажуваат некои од карактеристичните знаци за постковид состојбата, како што е манифестација на белите дробови во смисла на наод на компјутерска томографија на бели дробови или некаква последица на срцевата акција некаква фиброза, сега е период кога се повеќе се анализираат и во светот и кај нас, се повеќе се докажуваат со специфични испитувања.
– Не само кај нас, секаде во светот е многу рано да се зборува за типични постковид компликации или последици од болести. Сепак, следи период, исто како што е ова период на анализа на самите хронични болести и за тие аспекти, додаде Филипче.