СВР Охрид информира дека градежен работник се здобил со тешки телесни повреди при пад од скеле додека работел на објект во струшката населба Езерски лозја.
Според полицијата, во Одделението за внатрешни рабпти – Струга вчера во 17.15 часот било пријавено дека 37-годишниот У.Б. од Охрид се повредил при изведување градежни работи на куќа во Струшко.
– Тој е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.