Врховниот суд на Канада одлучи дека општините мора да го отстранат снегот и нема да бидат имуни на тужбите што произлегуваат од непочитување на таа обврска.
Одлуката е резултат на случајот инициран од жена која ја повредила ногата додека минувала низ снежната патека во Нелсон, Британска Колумбија, во 2015 година. Тарин Џој Марси го тужеше градот за милион долари и нејзината тужба сега повторно ќе биде изведена на суд.
Одлуката на Врховниот суд се очекува да предизвика лавина судски процеси за лизгање и паѓање на снег низ земјава.
Канада троши стотици милиони долари за расчистување на снегот, а случајот на Марси предизвика голем интерес во јавноста Марси се обиде да го тужи градот Нелсон бидејќи ја повредила ногата прескокнувајќи го купот снег за да стигне до пешачката патека.
Првиот судија што го слушнал нејзиниот случај и рекол дека таа е виновна и дека го знаела ризикот дека може да се случи повреда доколку прескокне еден куп снег. Друг суд пресуди дека градот ја исполнил својата должност и го отстранил снегот и е имун на тужби.
Тогаш Врховниот суд пресуди дека тоа е премногу широка дефиниција и дека отстранувањето на снегот е прашање на политика на секоја општина, но дека градот не може да процени каде ќе го отстрани снегот, а каде не.
„Со расчистување на паркинг местата на улицата Бејкер, Градот ја повика јавноста да ги користи за пристап до фирмите лоцирани на улицата“, се вели во пресудата. „Тужителот се обиде да го стори токму тоа, кога падна од купот снег што го остави Градот при неговото отстранување.