Јакимовски се пожали на хакерски напади

од Vladimir Zorba
899 прегледи

Кандидатот за градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски синоќа изјави дека неговиот профил на социјалната мреже Фејсбук, од каде што комуницира со граѓаните, е цел на континуирани хакерски напади на социјалните мрежи преку лажни кинески профили.

„Ги замолувам политичките противници за коректен финиш на политичката кампања!“, додава Јакимовски.

Во првиот круг на изборите, Јакимовски освои 6.841 гласа или 23,69% од гласачите кои излегле на избирачките места и ќе се бори за градоначалничката позиција со Душко Вескоски, кој освои 9.311.

ВМРО-ДПМНЕ најави поддршка на Јакимовски во вториот делодтрката, откако нивниот кандидат Оливер Зафировски заврши на третоместо со 6.560 гласа.

Слични содржини