(ФОТО) Муниција и смртни закани: Јанша добил опасна пратка на домашната адреса

од Nikola Popovski
563 прегледи

Словенечкиот премиер Јанез Јанша добил пратка со закана за смрт, упатени кон нему и неговото семејство, а слична закана добил и министерот за одбрана Матеј Тонин.

Како што пренесува словенечката телевизија, премиерот добил смртни закани во пратка која била испратена на неговата приватна адреса, што го потврдиле и од кабинетот на премиерот.

-Полицијата го истражува случајот, пренесува Хина.

Медиумите објавија дека Јанша и Тонин во петокот добиле писма на нивните адреси, кои содржеле смртни закани и содржеле „муниција од поголем калибар“, а заканите биле испратени и до членовите на семејството на Јанша.

„Нова24.тв“, основана од Словенечката демократска партија (СДС) на Јанша, наведува дека ова не е првпат на тој начин да му се закануваат на словенечкиот премиер, пренесе Танјуг.

Според телевизијата, во пратките што ги добиле Јанша и Тонин имало и нивни фотографии со нацртани мети на челото. Во заканувачкото писмо до словенечкиот премиер имало и фотографија од мета нацртана на челото на неговата сопруга.

Слични содржини