Во Русија пост-ковид синдром има секое осмо дете

од Milan1
299 прегледи

Речиси секое осмо дете во Русија, што е околу 13 отсто, боледува од постковид синдром, изјави специјалистот за заразни болести, Евгениј Тимаков.

Тимаков изјави дека децата кои припаѓаат на ризичните групи, односно оние кои се дебели и боледуваат од хронични заболувања, имаат тешки форми на корона вирусот.

– Околу 13 проценти од децата страдаат од постковид синдром, како и возрасните, рече тој, а пренесе ТАСС.

Што се однесува до вакцинацијата на децата, рече дека има амбивалентен однос кон тоа прашање.

Тимаков рече дека е за вакцинација на деца кои немаат антитела кон вирусот, но не и оние кои имаат имунитет кон корона вирусот.

– Во овој случај ќе биде потребна вакцинација за ризичните групи или за оние кои не биле во контакт со вирусот, така што ќе биде потребна селективна вакцинација, изјави Тимаков.

 

Слични содржини