ВМРО-ДПМНЕ до Петровска: Лагите и конструкциите повеќе не минуваат

од Nikola Popovski
323 прегледи

СДСМ не може поинаку освен да шири лаги и конструкции додека во јавноста излегуваат докази за насилство и терор против политички неистомисленици, а за таа цел злоупотребувајќи ја полициската униформа за своите криминални структури, велат од ВМРО-ДПМНЕ откако денеска пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска обвини дека на социјалните мрежи има многу постови со омраза кон нив, нивната партија и нивните функционери.

-На граѓаните им е доста од теророт и мафијашките делувања на СДСМ. Граѓаните упатија јасна порака до параполициски и криминални структури на СДСМ. Никој повеќе не им се плаши.

Лагите и конструкциите повеќе не минуваат. МВР чиј што дел беше и Славјанка Петровска мора да ги истражи сите околности за параполициската партиска структура, наместо да шири конструкции и лаги.

За почеток Славјанка Петровска нека даде одговор за нападот врз новинарска екипа во Прилеп. Петровска нека одговори за полициските функционери кои што следеле опозициски, тогаш кандидат за градоначалник. Петровска нека одговори за пораките на партиски поставени високи полициски функционери коишто гласат „Убиј го“, велат од најголемата опозициска партија.

Петровска денеска ги обвини членовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сосем малку им требаше да продолжат онаму кај што ги запревме во 2016 година – После првиот изборен круг, членови и активисти на ДПМНЕ продолжија да се закануваат со насилство кон граѓаните кои не се дел од оваа партија.За тоа доказ се и фотографиите зад мене – ова се само мал дел од заканите кои членовите на ВМРО-ДПМНЕ јавно ги испраќаат, а за кои сведочат граѓаните секојдневно на социјалните мрежи.

Еве дел од нивата содржина:

„Ајде во втор круг со ново мнозинство и да ги гониме по улици како шинтери џукели“,
„Ти се бројат деновите гаде предавнички“,
„Гробови да ви се отворат“,
„Мора ја снема оваа чума“,
„Живи да ги закопаат“.

Граѓаните сведочат дека во општините каде победија кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, почнале да прават списоци на луѓе кои се членови или поддржувачи на СДСМ, со најави за некакви наводни одмазди“, рече Петровска.

Слични содржини