Фејсбук го промени своето име во Мета како дел од големото ребрендирање.
Компанијата, која ја објави промената на годишната конференција за програмери, соопшти дека одлуката за преименување е донесена со цел подобро да го „опфати“ она што го прави сега, бидејќи се проширува надвор од социјалните мрежи во области како што е виртуелната реалност.
Таа, исто така, ги откри плановите за Метаверзум – онлајн свет каде што луѓето можат да играат, да работат и да комуницираат во виртуелна средина, често користејќи VR слушалки.
Промената на името следи по серијата негативни приказни за Фејсбук, врз основа на документи откриени од поранешен вработен во компанијата.
Френсис Хоген ја обвини компанијата дека го става „профитот над безбедноста“.
Во 2015 година, Гугл ја редефинира компанијата со именување на нејзината матична компанија Алфабет, но името не беше прифатено.
Промената на името следи по неколкучасовниот застој во работата на Фејсбук и Инстаграм, што го чинеше сопственикот на компанијата Марк Закерберг околу шест милијарди долари, пишува Блумберг.
Што е Метаврезум?
Сопственикот на Фејсбук, Марк Закерберг неодамна најави развој на Метаверзум, еден вид виртуелен свет за секого.
Тој рече дека за развој на овој проект се планира отворање на 10.000 работни места во Европската унија.
„Метаверзумот има потенцијал да помогне во пристапот до нови креативни, социјални и економски можности. А Европејците ќе го обликуваат уште од самиот почеток“, се наведува во објавата на Фејсбук.
Новите работни места што ќе се отворат во следните пет години ќе вклучуваат „високо специјализирани инженери“.