Поранешен гувернер обвинет дека сексуално вознемирувал 11 жени (ВИДЕО)

од Milan1
347 прегледи

Против поранешниот гувернер на Њујорк, Ендрју Куома, е поднесена прекршочна пријава, соопшти денеска портпаролот на судовите во државата Њујорк. Куомо поднесе оставка од гувернер на државата Њујорк во август, по 10 и пол години на функцијата. Неговото заминување уследи по истрагата која откри дека Куомо сексуално вознемирувал 11 жени.

„Бидејќи се работи за сексуално кривично дело, наскоро ќе биде одстапна и редигираната жалба”, наведе портпаролот Лусијан Чалфен во изјавата испратена по еектронска пошта, пренесуваат медиумите.

Обвинителката на државата Њујорк, Летиција Џејмс, кажа дека петмесечната независна истрага заклучила дека Куомо се однесувал на начин што ги прекршува федералните и државните закони.

Слични содржини