456
Шест лица загинаа откако свлечиште со кал затрупа работници на место за илегален ископ на злато во провинцијата Централен Калимантан во Индонезија, изјави денеска претставник на локалните власти, пренесе ДПА.
Двајца други рудари ја преживеале несреќата, што се случила вчера, во областа Кутаварингин Тимур, соопшти Рихел Магат, шеф на локалната агенција за цивилна заштита.
-Се сомневаме дека водата што ја прскаат работниците што копаат во рудникот го предизвика колапс на вратилото, рече тој.
„Ова е случај предизвикан од лошата техника во рударството”, додаде Магат.