Американската агенција за храна и лекови (ФДА) ја одобри вакцината Фајзер за деца на возраст од 5 до 11 години, пренесува Reuters. Тоа е првата вакцина против коронавирус одобрена за помали деца во Соединетите држави.
Сепак, вакцината нема да биде веднаш достапна за оваа возрасна група. Американските центри за контрола и превенција на болести треба да добијат инструкции за тоа како да се администрира вакцината. Ова ќе биде решено откако група надворешни советници ќе разговараат за планот во вторник, додава новинската агенција.
„Фајзер“ соопшти дека ќе започне со доставување на педијатриски ампули со вакцината во сабота до аптеките, педијатрите и другите места каде што може да се даваат вакцините.
Одлуката на ФДА се очекува да ја направи вакцината достапна за 28 милиони деца во Соединетите држави, од кои многумина се вратија на училиште лице в лице.
Само неколку други земји, вклучувајќи ги Кина, Куба и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), досега имаат одобрено вакцини против Ковид-19 за деца од оваа возрасна група
Дозволената доза за деца од 3 до 11 години од FDA е 10 микрограми од вакцината Фајзер во споредба со 30 микрограми во оригиналната вакцина за деца над 12 години. Пониска доза може да помогне да се ублажат некои од ретките несакани ефекти.