Американскиот актер Алек Болдвин изјави дека шокантната смрт на кинематограферката Халинa Хатчинс, којашто тој ненамерно jа усмрти со револвер вежбајќи за сцена со пукање, е несреќа каква што се случува „еднаш во милојарда“, објави американскиот интернет таблоид TMZ во саботата.
Алек Болдвин и неговата сопруга Хилариа разговарале со новинарите кои ги следеле во автомобил во Манчестер, во сојузната држава Вермонт, и тоа е неговиот прв коментар во камера откако Хатчинс загина по фаталниот истрел на сетот на вестертнот „Rust“ на 21-ви октомври на ранчот „Бонанца Крик“ близу Санта Фе во сојузната држава Њу Мексико.
Претходно на Twitter актерот објави дека е длабокот ожалостен поради оваа трагедија и дека целосно и секојдневно соработува со полицијата.
За Хатчинс во камерата рече дека ми била многу блиска пријателка и дека таа „му била како семејство“.
„Несреќите одвреме навреме се случуваат на снимањето на филмовите, но ниеднаш како оваа. Тоа е еднаш во билион“.
По трагедијаtа сѐ погласни се апелите подобро да се контролира оружјето на филмските сетови, а Болдвин во разговорот вели дека е „многу заинтересиран за тоа“ и дека се залага на снимањата да не се употребува боева муниција.
Болдвин не можеше да каже дали некогаш повеќе ќе работи со огнено оружје на снимање. Рече дека снимањето на „Rust“, кое е запрено веднаш по несреќата нема да продолжи.
Болдвин, кој беше продуцент и главен актер во филмот, вежбајќи потегнување оружје за една сцена го притиснал орозот на револверот незнаејќи дека во него има вистински куршум.
Истреланиот куршум минал низ телото на Халина Хатчинс и запрел во рамето на режисерот Џоел Соуза. Таа почина, а тој по краткото лекување е пуштен од болницата.
На Болдвин револверот му го додал помошникот на режисерот Дејв Хол и му рекол дека оружјето е „студено“, што во филмскиот жаргон значи дека не е наполнето.
Оружарката на сетот, 24-годишната Хана Гутиерез-Рид во петокот објави дека „нема никаква идеја“ од каде вистински куршум на снимањето и изјави дека ги почитувала сите безбедносни протоколи.
Болдвин на новинарите во саботата им рече дека не може да ја коментира истрагата којашто е во тек.
„Ние бевме многу, многу добро подмачкана екипа и тогаш се случува ваква трагедија“, рече актерот.