302
Можам да прогласам апсолутна победа на локалните избори во најголем дел од општините, каде што имавме кандидати, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во изјава за Канал 5 ТВ.
Според него, најголемата опозициска партија води убедливо во Скопје, а победила во Битола, Гевгелија, Зелениково, Кратово, Македонски Брод, Ресен, Радовиш, Ново Село, Брвеница, Ранковце, Лозово, а води кандидатот што го поддржавме во Карпош.
Тој информира дека водат и во Вевчани, Пехчево, Пробиштип.