Тајванското Министерство за одбрана денеска соопшти дека ќе ја интензивира обуката на своите резервни сили во текот на следната година и дека ќе ги удвои воените вежби со боево гаѓање, бидејќи Кина ги засилила воените активности во близина на тој остров.
Тензиите меѓу Тајпеј и Пекинг за кого Тајван е суверена кинеска територија, ескалираа во последните недели бидејќи Пекинг го засили воениот притисок, кој вклучува чести мисии на кинески воени авиони во зоната на противвоздушната одбрана на Тајван, објави „Ројтерс“.
Минатиот месец, министерот за одбрана Чиу Куо-ченг ја опиша ситуацијата како „најсериозна“ во последните 40 години.