2,1K
Новиот градоначалник на општина Бутел, Дарко Костовски вечерва информира дека новото уставно име „Република Северна Македонија“ се уште не е вметнато во општината.
-Официјално не е променето. Сигурен сум дека не е ниту печатот во општината, рече Костовски во емисијата „Топ тема“.
Тој додава дека за него лично „секогаш ќе остане Република Македонија, но дека има нова реалност во земјава и тоа е наметната од Зоран Заев“.