Берзанските индекси на Волстрит достигнаа нови највисоки нивоа во историјата

од Milan1
327 прегледи

На Волстрит берзанските индекси достигнаа нови највисоки нивоа во историјата додека инвеститорите ги чекаат одлуките на лидерите на американската централна банка за намалување на монетарните стимулации.

„Доу Џонс“ (Dow Jones) зајакна за 138 поени или 0,39 отсто, на 36.052 поени, „СиП 500“ (S&P 500) порасна за 0,37 отсто, на 4.630 поени, додека индексот „Насдак“ (Nasdaq) порасна за 0,34 отсто, на 15.649 поени.

„Доу Џонс“ достигна рекордно високо ниво трет ден, а „СиП 500“ и „Насдак“ индексот четврти ден по ред бидејќи кварталните деловни резултати на компаниите беа подобри од очекуваните.

Досега, приближно 320 компании во индексот „СиП 500“ објавија резултати, при што околу 82 проценти оствариле поголема заработка од проценетата.

Аналитичари сега проценуваат дека заработката на компаниите и банките од индексот „СиП 500“ пораснала за 40,2 отсто во третиот квартал во однос на истиот период лани, додека на почетокот на октомври очекувале раст од 29,4 отсто. Инвеститорите ќе се фокусираат денеска на одлуките и пораките на челниците на американската централна банка, по нивната редовна дводневна седница.

Слични содржини