„Исламска држава“ го ликвидираше комадантот на талибанската единица „Бадри 313“

од Milan1
312 прегледи

Шефот на талибанските воени сили во Кабул, Хамдула Мохлис е една од жртвите на нападот на џихадистите од Исламска држава на воената болница во Кабул.

Командантот Мохлис беше член на мрежата Хакани, која САД ја означија како терористичка и шеф на талибанските специјални сили наречени „Бадри 313“.

Тој е највисок талибански функционер убиен во Авганистан од кога во август талибанците ја презедоа власта во таа земја. Најмалку 19 лица загинаа во вторникот, а 50 се повредени во експлозијата пред воената болница во центарот на Кабул.

Очевидци рекоа дека одекнале две експлозии во близина на болницата „Мохамед Дауд Кан“. Првата експлозија одекнала кај контролниот пункт на влезот во болницата, а другата малку подалеку по неколку минути.

 

Слични содржини