Поплави во Сараево, многу куќи се под вода (ВИДЕО)

од Milan1
1,K прегледи

Дождот што падна во текот на ноќта создаде големи проблеми во кантонот Сараево. Освен што се поплавени патиштата во главниот град на Босна и Херцеговина, многу населени места се под вода и без струја.

Поради обилни врнежи и излевање на потоците и реките,  поплавени се куќите на повеќе места во Сараево и неговата околина, пишува Кликс.

Реките Железница и Тилава направија проблеми, па голема количина вода се излеа во дворовите во населбите Отес, Влаково, Бутмир, Доњи Которац и други места.

Во овие населени места граѓаните немаат струја ниту, како што велат, можност да поправат било што. Загрозени се и домашните животни што ги одгледуваат.

Реката Жељезница ги поплави објектите лоцирани покрај брегот во централниот дел на Илиџа.

Меѓу другото, поплавени се и угостителските објекти покрај реката, што несомнено предизвика голема материјална штета. Во исто време, многу локални жители стравуваат за своите домови.

Вода има на главните, но и споредните патишта во Сараево, а сообраќајот на тролејбуси е во прекин.

Слични содржини