Бојаровски до своите колеги новинари: Kако се чувствувате кога Јакимовски ве нарекува „срамота“ и „оркестрирани“?

од Берта Китинска
362 прегледи

„Па колеги новинари, како се чувствувате кога овој човек ве нарекува „срамота“ и „оркестрирани“? Кога ги нарекува вашите прашања смешни? И кога ви вели „имате ли други прашања“, а вие си молчите?! И кога во лице ве гледа и ви вели „смешни ви се прашањата, смешни ви се прашањата…“, прашува новинарот Зоран Бојаровски, во врска со изјавите дадени од страна на градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски по денешното судење , кое беше одложено поради ковид.

„Не ми се верува дека е ова состојба на „заробен ум“ зашто до пред две недели имавте соговорник чии што прес конференции траеја со часови, без да биде неодговорено ниту едно прашања, кој поттикнуваше и охрабруваше да поставувате прашања зашто тоа го бара вашата професионална одговорност, кој велеше дека секое прашање е резултат на слободата што ја освоивме сите заедно. Извинете, ама ако не знаевте -Не се сите исти. ЗНМ? ССНМ?“ – стои во фејсбук објава од новинарот Зоран Бојаровски.

 

Слични содржини