Меѓутоа има интерес од повеќе пратенци кои што се членови на СДСМ, што се незадоволни од криминалното владеење на СДСМ и ДУИ, изјави градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77
„Ние од синоќа имаме ново мнозинство, мнозинство кое што е за недоверба на оваа Влада, практично овие денови преговараме со уште неколку пратеници се надевам дека ова мнозинство за неколку дена ќе прерасне во бројката 64/65.Меѓутоа има интерес од повеќе пратенци кои што се членови на СДСМ, што се незадоволни од криминалното владеење на СДСМ и ДУИ. Имаме и други пратеници кои што се дел од мнозинството и мислам дека треба да се случи промената и државата да почне да чекори кон прав пат, да се декриминализира со еден збор. Ситуацијата е чиста се надевам ќе почнеме да одиме по пат кој го посакува секој граѓанин“, вели тој.