Рекорден број на починати од ковид во Украина: Најавено е кратење на плати, ќе се бара сертификат во авион, автобуси…

од Берта Китинска
608 прегледи

Украинското Министерство за здравство соопшти дека во таа земја во изминатите 24 часа е регистриран рекорден број на починати од коронавирусот, кој изнесува 793.

Истовремено, во текот на изминатиот ден се регистрирани 25.063 новозаразени лица, нешто помалку од рекордниот број регистриран во четвртокот, кој изнесува 27.377, соопшти Министерството, пренесе АП.

Иако четири различни вакцини против коронавирус се достапни во Украина, само 17,9 отсто од 41 милион луѓе во земјата се целосно вакцинирани, што е втора земја со најниска стапка во Европа по Ерменија.

Во обид да ја спречат инфекцијата, украинските власти побараа наставниците, државните службеници и другите вработени да бидат целосно вакцинирани до 8 ноември, во спротивно ќе им бидат суспендирани платите.

Дополнително, сега е потребен доказ за вакцинација или негативен тест за качување во авиони, возови и меѓуградски автобуси.