Приведени лица за кражба на електрична енергија, „копале“ криптовалути

од Vladimir Zorba
373 прегледи

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Кисела Вода, по добиена судска наредба, денеска извршија претреси во дом и други простории на неколку локации во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, соопштија од МВР.

Претрес е извршен на ул.„Рилски Конгрес“ во домот на С.Т.(67), и на ул.„Александар Бујунов“ во две куќи сопственост на М.З.(63). При претресот е најден пиштол и разновидна опрема за копање на криптовалути (16 ригови со 99 графички картички, 1 мајнер) со кои се вршела кражба на електрична енергија, што било потврдено и од претставници на ЕВН.

Во консултација со Јавен обвинител предметите ќе бидат одземени, а лицата се приведени и по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, додаваат оттаму.

Слични содржини