Зика вирус во Индија, најмалку 89 лица се заразени, меѓу кои 17 деца (ВИДЕО)

од Milan1
346 прегледи

Најмалку 89 лица, меѓу кои 17 деца, се позитивни на вирусот Зикa во индискиот град Канпур, соопшти денеска здравствениот оддел на тој град.

За прв пат откриен во 1947 година, вирусот Зика што го пренесуваат комарците, достигна епидемиски размери во Бразил во 2015 година, кога илјадници бебиња се родени со микроцефалија, нарушување што предизвикува бебиња да се раѓаат со ненормално мали глави и неразвиен мозок.

„Има зголемување на бројот на случаи на вирусот Зика и здравствениот оддел формираше неколку тимови за борба против ширењето на болеста“, вели д-р Непал Синг, главен медицински службеник во областа Канпур во најнаселената индиска држава Утар Прадеш, за Ројтерс.

„Има една жена која е бремена и ние и посветуваме посебно внимание“, додаде тој.

Првиот случај на Зика во индустрискиот град Канпур беше откриен на 23 октомври, за да се зголеми бројот на заболени во текот на изминатата недела.

Слични содржини