328
Од ЈП Лајка информираа дека уште едно премило куче од прифатилиштето отпатувало за Велика Британија и било вдомено од прекрасен пар.
-Својата радост не можеа да ја скријат и топло ја споделија со нас. Секојдневно ни испраќаат многу фотографии и видеа од заедничките авантури со нивниот нов член во семејството. Џош ги освои нивните срца уште од првиот момент, а ние сме пресреќни што веќе ја чувствува удобноста, топлината и љубовта на својот нов дом. Му посакуваме среќа на британецот Џош, соопштија од Лајка.