Средба Бајден и Фон дер Лајен, една од темите и Западен Балкан

од Milan1
453 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска ќе се сретнат во Белата куќа. Една од темите на средбата ќе бидат превирањата во Западен Балкан, соопшти Белата куќа.

Средбата ќе се одржи само два откако Бајден и Фон дер Лајен се сретнаа на самитот на Г20 во Рим и на конференцијата за климата во Глазгов.

Белата куќа соопшти дека лидерите меѓу другото ќе разговараат и за ситуацијата на Западен Балкан. Бајден сака да ги зајакне врските на САД со Европа, откако неговиот претходник Доналд Трамп решително ги отфрли европските сојузници.

„Претседателот Бајден ќе ја потврди својата поддршка за Европската унија како клучен партнер на Соединетите држави“, изјави Емили Хорн, портпаролка на Белата куќа.

Лидерите ќе разговараат за економијата, како и за глобалното затоплување и регионалните прашања како Украина и Западен Балкан.

Бајден, кој ги принуди ОПЕК и неговите партнери да ги зголемат резервите на нафта, ги повика големите земји-производители на енергија од Г20 со слободен капацитет да го зголемат производството за да обезбедат посилно глобално економско закрепнување.

Белата куќа посочи дека ќе разгледа различни опции доколку ОПЕК и неговите партнери не направат повеќе за да го зголемат производството, но одбија да прецизираат кои би можеле да бидат тие опции.

Слични содржини