Движењето БЕСА вечерва го демантираше лидерот на ДПА, Мендух Тачи кој по состанокот на коалициските партнери во Владата кажа дека таму имало и претставници од БЕСА.
-Повторно зборувал Мендух Тачи!?Не вреди да се коментира. И во сон му се појавува Движењето БЕСА, дотолку што има халуцинации, и кога нема претставници на Беса, му се чини дека има.Накратко: Тачи вечерва повторно излажа како и многу пати досега!, велат од БЕСА.
Претседателот на ДПА, Мендух Тачи во изјава за ТВ 24 кажа дека мнозинството е стабилно.
– Премиерот ќе продолжи, мнозинството е стабилно. Го овластивме премиерот, нормално, ќе разговара и со други политички групации или пратеници да имаме уште поголемо мнозинство. Конечно најдобрата вест е дека е оваа Влада и ова мнозинство продолжува и на 15-ти декември се надевам, 99,9 посто, ние ќе добиеме датум, рече Тачи.
На прашањето дали на средбата имало претставници од БЕСА, Тачи одговори:„Сите беа тука, некои беа со лидер некои беа со претствници“.