346
Денеска во 08.35 часот во село Лојане, општина Липково, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи и СВР Куманово го лишиле од слобода З.И.(67) од с.Лојане.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Чешка зброевка“, две рамки за пиштолот и 50 куршуми калибар 9 мм, кои ги поседувал без дозвола.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.