Дали некогаш сте имале шеф кој не престанува да ви се јавува или да ви пишува откако ќе излезете од канцеларија?
Па, оваа практика е веќе забранета во Португалија, каде дури донесоа закон за тоа.
Со други зборови – во земјата незаконски е вашиот работодавец да ви пишува мејлови, смс пораки или да ви се јавува на телефон откако ќе ви заврши работното време.
Според новиот закон, работодавачите можат да бидат казнети доколку ги прекршат правилата. Слично правило беше усвоено во 2017 година во Франција, каде по работни часови вработените можат да ја игнорираат нивната е-пошта, потсетува CNN Business.
Португалскиот закон, исто така, вели дека работодавците мора да ги надоместат своите вработени за сите трошоци направени во врска со работа од далечина.
Со оглед на тоа што работат од дома, Португалците ќе можат од работодавецот да бараат исплата на зголемените трошоци за струја и гас, но тоа ќе важи само за компаниите со над 10 вработени.
Главниот град Лисабон е еден од најактивните во привлекување на дигитални номади од целиот свет, а заедно со Порто ги заземаат првата и третата позиција на рангирањето на Nomad за најдобра дестинација во светот.