Белорускатата авиокомпанија нема да прима патници од Јемен, Сирија и Ирак

од Milan1
254 прегледи

Белоруската државна авиокомпанија „Белавиа“ денеска објави дека, на барање на официјална Анкара, ќе престане да прима патници од Ирак, од Сирија и од Јемен на своите летови од Турција, во време кога мигрантите од Блискиот Исток се обидуваат да ја минат полско-белоруската граница.

Белоруската авиокомпанија Белавиа нема да прима патници од Јемен, Сирија и Ирак
Европската Унија (ЕУ) тврди дека Белорусија охрабрува илјадници мигранти да се обидат да ја минат границата со Полска и се заканува со нови санкции за Минск и авиокомпаниите што превезуваат мигранти што би можеле да стапат на сила веќе во понеделник.

Алијансата ја обвинува Белорусија дека извршила хибриден напад и дека сојузникот на Кремљ предупредил оти кризата може да ескалира во воен конфликт.

Согласно одлуката на турските власти, државјаните на Ирак, Сирија и Јемен нема да бидат прифатени на летови од Турција до Белорусија од 12 ноември 2021 година, порача „Белавиа“ преку својата официјална веб-страница.

На авиокомпанијата и беше забрането да лета над воздушниот простор на ЕУ, откако властите во Минск претходно оваа година наредија авион на „Rајанер“, кој летал од Грција за Литванија, принудно да слета во Белорусија за да можат да го уапсат белорускиот дисидент Роман Проташевич и неговиот партнер.

Слични содржини