362
Денеска (12.11.2021) околу 09.30 часот на место викано „Борови“, во близина на Граничен премин „Богородица“, гевгелиско, полициски службеници од полициската станица за граничен премин „Богородица“ го лишиле од слобода Г.Н. од Зелениково.
При преглед во возило „фиат добло“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Г.Н., биле пронајдени две лица- мигранти од Сирија.
Тој бил приведен во полициска станица, а мигрантите биле предадени во Прифатно-транзитиниот центар Винојуг. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.