455
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42, девет санкции за возење без возачка дозвола, шест мерки за возење под дејство на алкохол, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), 30 мерки за непрописно паркирање.
Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.