Група од околу 100 мигранти од импровизиран бегалски камп на белоруската страна на границата утринава ја нападна територијата на Полска и сега е во близина на оградата од бодликава жица што ја подигна полската гранична служба, пишува Танјуг.
– Во близина на граничниот премин (Брузги-Кузница) има група бегалци. Тие се на полска територија, ги има до 100. Се наоѓаат во близина на жичената ограда што ја подигна полската страна – соопшти прес-службата на Државниот граничен комитет на Белорусија, пренесе ТАСС.
Европската унија тврди дека Белорусија охрабрува илјадници мигранти да избегаат од конфликтните зони ширум светот и да се обидат да ја преминат границата со земјите од ЕУ. Затоа Брисел му се заканува со санкции на Минск и на авиокомпаниите што превезуваат мигранти.