331
„Заради пуста желба за власт, докажаниот губитник Мицкоски седна на иста маса со политичари кои се против НАТО и ЕУ, кои се против Охридскиот рамковен договор, против концептот Едно општество за сите. Целата јавност виде дека Мицкоски и Димитар Апасиев се едно исто, дека Левица е исто што и ВМРО-ДПМНЕ“, изјави на прес-конференција Стефан Васев од СДСМ.
„Три дена Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ бесрамно лажат дека наводно бил киднапиран пратеник и бараат брзи парламентарни избори.
Наместо да бара брзи предвремени избори губитникот Мицкоски да даде оставка за тоа што ја лажеше јавноста, да даде оставка затоа што повторно се поразени неговите обиди да ја врати државата назад“, посочува тој.