Столтенберг: Лукашенко ги загрозува животите на мигрантите

од Nikola Popovski
241 прегледи

Генералниот секретар на Северноатлантската алијанса Јенс Столтенберг во вторникот изјави дека НАТО е длабоко загрижен поради стратегијата на белорускиот претседател Александар Лукашенко да ги загрози животите на мигрантите, нудејќи поддршка за Полска.

„Длабоко сме загрижени поради начинот на кој режимот на Лукашенко ги користи ранливите мигранти како тактика против другите земји и ги загрозува животите на мигрантите“, изјави лидерот на воената алијанса, пренесува Фена, повикувајќи се на Ројтерс.

„Ние сме солидарни со Полска и другите сојузници“, изјави Столтенберг за новинарите кога пристигна на состанокот со министрите за одбрана на ЕУ.

Разговор меѓу Меркел и Лукашенко

Лукашенко во телефонски мандат и предложил на германската канцеларка Ангела Меркел во телефонски разговор опциите за решавање на мигрантската криза.

Меркел и Лукашенко се договориле да не даваат детали од телефонскиот разговор во понеделник, објавија медиумите од Белорусија.

Белорускиот претседател рече дека Меркел за прашањето на мигрантите ќе разговара со претставници на членките на ЕУ, а потоа Лукашенко и таа повторно ќе разговараат.

На границата меѓу Белорусија и Полска има неколку илјади мигранти, кои сакаат да влезат во ЕУ.

Западот го обвинува Минск дека ги охрабрува мигрантите да се преселат во ЕУ, додека Белорусија ги отфрла тие обвинувања.

Слични содржини