Италијанската полиција при рација во Милано ја уапси 19-годишната Блеона Тафалари од Косово под обвинение за тероризам,пренесува Коха.нет.
Девојката, која веќе е префрлена во затвор, била радикализирана на 16 години и била поддржувач на Исламската држава. Таа пред неколку месеци се преселила во Милано во куќата на нејзиниот брат.
Истрагата е покрената по разузнавачки извештај за нејзиниот сопруг, 21-годишен маж од Косово, кој го познавал напаѓачот од Виена, Кујтим Фејзулај.
Нападот во Виена се случи на 4 ноември 2020 година, кога Фејзулај пукаше во неколку делови на градот и уби четири лица пред да биде убиен од безбедносните сили.