Белорусија објави дека се потребни „непланирани поправки“ на кракот на нафтоводот „Пријателство“, кој доставува нафта од Русија до бројни земји од ЕУ.
Според најавите, работите за одржување ќе траат три дена.
„Пријателство“ почнува во руски Татарстан и ја пренесува нафтата од западен Сибир, Урал и Каспиското Море во белорускиот град Мозир, каде што е поделена на северни и јужни гранки.
Северниот крак го преминува остатокот од Белорусија, потоа Полска и Шведска до Германија. Јужниот крак поминува на југ низ Украина, а е поврзан и со нафтоводот Одеса-Броди. Во Ужгород гасоводот е поделен на линии до Словачка и Унгарија. Линијата низ Словачка повторно е поделена во близина на Братислава: еден крак води во северозападен правец кон Чешка, а другиот кон југ кон Унгарија.
Рускиот енергетски извозен гигант „Транснефт“ во соопштение вели дека „испораките може да се соочат со краткорочни прекини“.
„Што ако ги затвориме славините за природниот гас?
Претходно, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко и се закани на Европа со прекин на протокот на гас, поради мигрантската криза на границата со Полска, за што ја обвини Европската Унија.
„Ја снабдуваме Европа со греење, а тие се закануваат со затворање на границата. А што ако ги затвориме славините за природниот гас овде? Затоа би им препорачал на лидерите на Полска, Литванија и другите празноглави поединци да размислат пред да зборуваат“, рече Лукашенко на владината седница.
ЕУ и НАТО го обвинуваат Лукашенко дека ги користи мигрантите како оружје за притисок врз Западот, испраќајќи луѓе кои бегаат од Блискиот Исток во Минск, а потоа до границите на Полска и балтичките земји. Брисел најави санкции поради ситуацијата со мигрантите на полско-белоруската граница.