САД се загрижени за милитаризацијата на вселената и ја повикуваат Русија да постапи одговорно, изјави шефот на Пентагон, Лојд Остин.
„Се разбира, ние сме загрижени за оружјето, милитаризацијата на вселената и, се разбира, ја повикуваме Русија и сите земји да се однесуваат одговорно“, рече Остин на брифингот.
Остин ги критикуваше ракетните тестови во кои руската армија собори стар советски сателит.
„Како што знаете, таму се формира облак од отпад што ќе остане таму засекогаш. Тоа е безбедносен проблем“, посочи министерот.
Руското Министерство за одбрана претходно објави дека Русија успешно извршила тестови на 15 ноември, при што бил погоден неисправен руски објект „Целина Д“.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави во вторникот дека фрагменти од стариот сателит, кои се формирани за време на тестирањето на антисателитскиот систем, не претставуваат никаква закана за вселенските активности.
Тој потврди дека антисателитскиот систем бил успешно тестиран.