Велосипедската патека во Тетово стана паркинг

од Берта Китинска
198 прегледи

Откако булеварот „Илинденска“  во Тетово  беше ослободен од столбчињата кои ја обележуваа велосипедската патека стана место за пркирање на автомобили.

На социјалните мрежи беше објавена фотографија на која во описот пишува дека по неколку часа откако биле отстранети столбчињата беа паркирани возила.

Отстранувањето на велосипедската патека од двете страни на булеварот е една од приоритетните задачи кои во првите 100 дена од доаѓањето на чело на Општина Тетово ги најави новиот градоначалник Билал Касами. Тој рече дека таа се отстранува затоа што за тоа имало судско решение.

Тој најави дека ќе изгради нова велосипедска патека, која требало да биде по сите европски стандарди, но не наведе каде и кога ќе го реализира ова.