Во државното обвинителство на Милано вчера била сослушана 19-годишната девојка Б.Т, која е по потекло е од Косово.
Уапсена е при рација во Милано, а постои сомневање дека е поврзана со терористички организации, односно дека од својата шеснаесетта година е поддржувач на Исламската држава, една од најголемите терористички организации во светот.
Италијанската полиција за време на апсењето во нејзиниот телефон пронашла илјадници фотографии и видеа посветени на Исламската држава. Повеќето од нив се фотографии од препознатливо црно знаме со верски симболи, но и приказ на борби и егзекуции на „неверници“.
Исто така, пронајдени се снимки и фотографии од обезглавување и палење на противниците, како и видеа од терористички напади во Европа.
На државниот обвинител му рекла дека пронајдениот материјал во телефонот го чувала од љубопитност. Освен фотографии од терористички напади и обезглавувања, во нејзиниот телефон биле пронајдени и прирачници на ИСИС за домашно изработени бомби, но како што тврди Б.Т, таа никогаш не ги прочитала.
Девојката Б.Т била регрутирана кога имала само 16 години и е лојален поддржувач на Исламската држава. Таа е родена во Косово, но пред извесно време дошла кај нејзиниот брат во Италија и од неодамна живее во Милано. Се верува дека таа е членка на организацијата „Лавови на Балканот“, која важи за организација многу блиска до Исламската држава.
Улогата на Б.Т во терористичката организација беше да регрутира малолетници во Косово, главно млади девојки. Во телефонот била пронајдена и преписка од февруари годинава, каде што на малолетничката на која и се обратила со „лавицата“ и ветила дека ќе и најде „силен лав, како нејзиниот сопруг“, член на организацијата „Лавови на Балканот“ , со кого би можела да умре натопена во крвта на неверниците“.
Пронајдени се и хорор инструкции на англиски јазик за обука за извршување напади во западните земји, како и опрема за правење бомби. Пронајдени се и документи на Исламската држава – „44 начини за поддршка на џихад“, „Црни знамиња на Исламската држава“, „Како да се преживее на Запад“.
Исто така, во телефонот е пронајдена фотографија од младиот бомбаш самоубиец, кој се разнесе на аеродромот во Кабул на 26 август, кога загинаа повеќе од 100 луѓе.