Макрон: Британија си игра со нашите нерви

од Берта Китинска
203 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон ја повика денеска Велика Британија да ги исполни своите обврски во однос на дозволите за риболов по Брегзит, додавајќи дека Франција нема да попушти по тоа прашање и дека Лондон „си игра со француските нерви“.

– Не го добивме тоа што го сакавме. Тие си играат со нашите нерви, изјави Макрон за новинарите за време на посетата на северна Франција, пренесе Ројтерс.

Франција и Британија се расправаат околу бројот на дозволи што Лондон им ги додели на француските рибарски бродови по излегувањето на Велика Британија од Европската унија.

Франција наведува дека многу рибарски чамци ловат риба без дозволи, додека Лондон тврди дека го почитува договорот.