Честитка од Џафери по повод Денот на албанската азбука

од Берта Китинска
214 прегледи

Претседателот на Собранието, Талат Џафери упати честитка по повод Денот на албанската азбука – 22 Ноември.

– Денот на албанската азбука е празник со кој што се слави унифицираната азбука, јазикот и писменоста како катализатори на интелектуалното, културното, образовното и секако политичкото издигнување на Албанците, меѓутоа воедно и празник кој има свој значаен удел во највисоките цивилизациски вредности на човештвото, рече Џафери.

Јазикот, наведува Џафери, е толку богат и толку вреден колку што се говори правилно, се пишува правилно, се преведува и шири низ светот со должното внимание и индивидуална и колективна одговорност на секој поединец.

Слични содржини