Министерството за транспорт: „Беса Транс“ имала дозвола за меѓународен слободен превоз на патници

од Берта Китинска
201 прегледи

До Министерството за транспорт и врски, Сектор за патен сообраќај, поднесено е барање од страна на превозникот Беса Транс БТБ од Скопје, ул. 1 бр. 1, Рашче, Скопје, евидентирано под број 08-4127/1 од 18.07.2018 година, за добивање на лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници, информираат од Министерството за транспорт и врски.

Кон барањето е доставена целокупната документација согласно член 8 од Законот за превоз во патниот сообраќај, со што превозникот ги исполнил условите предвидени во Законот и му е издадена лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници.

-Со барањето за добивање на лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници, превозникот ги исполнил условите за добивање на лиценца и издадена му е лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници со сериски број 007017 со важност од 08.08.2018 година до 08.08.2022 година.

Од тој момент превозникот се нема обратено до Министерството за транспорт и врски, Сектор за патен сообраќај, со поднесено барање за добивање на извод од лиценца за ново набавено возило, информираат од Министерството.

Оттаму истакнуваат дека очекуваат истрагата да ги покаже причините поради кои настана трагичната несреќа.

Слични содржини