Јовески ќе се сретне со Сарафов на местото на автобуската несреќа

од Берта Китинска
224 прегледи

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска ќе се сретне со директорот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов на местото на автобуската несреќа на автопатот Струма, во Бугарија.

Средбата со Јовески, во изјава за БТА ја потврдил директорот на бугарската Националната истражна служба Сарафов.

На автопатот Струма синоќа загинаа 46 македонски туристи, меѓу кои 11 деца. Луѓето се враќаа во Скопје по патување во Истанбул. Преживеаја 7 лица, сите се во животна опасност и се сместени во „Пирогов“.

Слични содржини